Наградата за најдобра истражувачка сторија ја добија новинарите од емисијата „Код“ за серијалот истражувачки стории за спроведување на тендери во енергетскиот сектор
Новинарот на „360 степени“, Александар Димитриески, доби пофалница за истакнат ангажман за истражувањето за тендерот на Министерството за здравство за набавка на амбулантни возила, кој по серијата стории на „360 степени“ беше поништен
Македонскиот институт за медиуми денеска ги додели новинарските награди „Никола Младенов“ за 2024 година.

Наградата за најдобра истражувачка сторија ја добија новинарите од емисијата „Код“ за серијалот истражувачки стории за спроведување на тендери во енергетскиот сектор. Второнаградена е серијата стории за Државна Лотарија на новинарот Петар Клинчарски објавени на Радио Слободна Европа. Третата награда ја доби Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за сторијата „Украдени Животи“.
Наградата за најиновативен новинарски производ ја зема редакцијата на ИРЛ за новинарскиот проект мобилна редакција Кичево и тимот на „Код“ за видеосторијата посветена на грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска.

Новинарот на „360 степени“, Александар Димитриески, доби пофалница за истакнат ангажман за истражувањето за тендерот на Министерството за здравство за набавка на амбулантни возила, кој по серијата стории на „360 степени“ беше поништен.
Пофалници за истакнат новинарски ангажман добија и новинарите Мирослава Симоновска, Мери Јордановска, Антонија Јаневска, Билјана Николовска Тодорова, Александар Методијев и Сузана Мицева.
Наградата најдобра репортерска фотографија ја доби Ѓорѓи Личовски за фотографијата „Ловец на Метеори“.
На годинашниот конкурс за наградата „Никола Младенов“ пристигнале 36 стории за најдобра истражувачка сторија, пет теми во категоријата најиновативен новинарски производ и 16 фотографии во категоријата најдобра репоретерска фотографии. Жири-комисијата била во состав на Милка Смилевска, Емилија Петревска Камењарова, Синиша Станковиќ, Бесим Небиу и Билјана Петковска.