Само во две изборни единици, третата и четвртата, излезеноста е поголема од 50 отсто. Во споредба со изборите 2016 година, одѕивот е помал за 21 процентен поен

По изборни единици, одѕивот е следен:
ИЕ 1 – гласале 146 496 избирачи, одѕив 47,38 отсто
ИЕ 2 – гласале 138 708 избирачи, одѕив 43,37 отсто
ИЕ 3 – гласале 143 451 избирачи, одѕив 51,51 отсто
ИЕ 4 – гласале 150 409 избирачи, одѕив 53,24 отсто
ИЕ 5 – гласале 141 165 избирачи, одѕив 44,89 отсто
ИЕ 6 – гласале 109 815 избирачи, одѕив 35,46 отсто
Куса анализа на податоците покажува дека само во две изборни единици – третата и четвртата има излезеност поголема од 50 отсто. Во првата, втората и третата изборна единица излезеноста е поголема од 40 проценти. Најмал е одѕивот во „шестката“ со само 35,46 отсто.
Во споредба со изборите во 2016 година излезеноста е помала за 21 процентен поен. Но, треба да се напомене дека на денешните избори, поради пандемијата на ковид-19, гласањето ќе биде продолжено за дополнителни 2 часа. Избирачките места ќе се затворат во 21 часот.