Половина од новозаразените се од Скопје – 211, а следен град е Куманово со 32 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа
Регистриран е 421 нов случај на ковид-19 во последното деноноќие од 2 900 тестирања, според информациите од Министерството за здравство:
Скопје – 211,
Куманово – 32,
Штип – 26,
Велес – 25,
Кавадарци – 19,
Кочани – 15,
Прилеп – 13,
Охрид – 12,
Македонска Каменица – 9,
Гевгелија – 7, Струмица,
Кичево и Крива Паланка – по 6,
Свети Николе – 5,
Гостивар – 4,
Битола, Радовиш, Берово, Виница и Демир Хисар – по 3,
Кратово и Богданци – по 2,
Тетово, Неготино, Ресен, Пробиштип, Валандово и Крушево – по 1.
Денеска има 395 оздравени пациенти, од кои 220 се од Скопје.
Во текот на изминатите 24 часа починале осум лица: Три од Скопје (86г, 74г, 69г) и по едно од Кратово (88г), Велес (75г), Виница (66г), Куманово (64г) и Охрид (61г) Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, пријавени се уште пет починати лица, како последица на ковид-19, со датум на смрт од 06.09.2021 до 28.09.2021 година. Три од овие починати лица се од Скопје и по едно починато лице од Гевгелија и Битола, на возраст од 67 до 94 години.
Досега во земјата се направени вкупно 1 333 204 тестирањана Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195 963, бројката на оздравени пациенти е 182473, на починати е 6 888, а има 6 602 активни случаи.