Ставот на Државната комисија за спречување на корупцијата е реакција на фактот што уставниот судија Дарко Костадиновски денеска ќе одлучува по иницијатива на штедачи во Еуростандард банка, а негов кум и добар пријател е Коста Костовски, синот на најголемиот акционер во банката во стечај, Трифун Костовски
Костадиновски, во телефонски разговор, вчера за „360 степени“ изјави дека нема судир на интереси во случајот бидејќи иницијативата на оштетените штедачи од Еуростандард се однесува на апстрактна уставна контрола на законска одредба, а не на поединечен случај
Уставниот судија Дарко Костадиновски треба да внимава и да го пријави потенцијалниот судир на интереси во однос на одлучувањето по иницијативата на оштетените штедачи од пропаднатата Еуростандард банка. Ова е ставот што денеска го изгради Државната комисија за спречување на корупцијата, откако „360 степени“ вчера објави дека кај дел од судиите има потенцијален судир на интереси бидејќи биле штедачи во банката или, пак, во случајот на судијата Дарко Костадиновски, дека има и блиски пријателско-семејни релации со семејството на најголемиот акционер во банката.
Од Антикорупциска комисија препорачуваат дека во ваков случај треба да се следат членовите 72, 73 и 74 од Законот за судир на интереси. Или, како што предвидува членот 72, судијата, како и секое службено лице, прво е обврзан да внимава на потенцијален судир на интереси и да го одбегне.
Член 72
се вели во член 72 од Законот за спречување на судир на интереси.
(1) Службеното лице во своето работење, е должно да внимава на потенцијален судир на интереси и да
преземе мерки за негово одбегнување;
(2) Во случај на сомневање за постоење судир на интереси, службеното лице е должно да ги преземе сите неопходни мерки за да го спречи влијанието на неговиот приватен интерес или приватниот интерес на друго лице врз извршувањето на неговите овластувања и должности и за тоа да го извести својот претпоставен;
(3) Во случај на постоење на сомневање за судир на интереси, службеното лице е должно да побара мислење од Државната комисија.
Понатаму, појаснува ДКСК, судијата би требало, најмалку од етички причини, да го пријави приватниот интерес во институцијата во која е ангажиран, во случајот во Уставниот суд. Постапката е опишана во членот 73 од Законот за судир на интереси и предвидува, меѓу другото, дека прикривањето на приватен интерес е повреда на должноста и основа за одговорност.
член 73
(1) Ако службено лице учествува во расправа на орган или тело во кое се одлучува за работи зa кои тоа
се вели во член 73 од Законот за спречување на судирот на интереси.
или блиско лице има приватен интерес, службеното лице е должно да го пријави постоењето на приватниот
интерес и да се изземе пред расправата и одлучувањето, а најдоцна пред почетокот на одлучувањето.
(2) Органот или телото на чија седница лицето од ставот (1) на овој член го соопштил постоењето на приватен интерес, е должно тоа да го констатира и внесе во записник.
(3) Прикривањето на постоење приватен интерес од страна на службеното лице претставува повреда на
должноста и основа за покренување постапка за утврдување на одговорност и изрекување на мерки согласно со овој закон.
Според Државната комисија, следните чекори се пропишани во членот 74. Тој пропишува како се разгледува и да се одлучува по пријавата на службено лице за потенцијален судир на интереси.
член 74
(1) Службеното лице кое учествува или одлучува во постапката за избор, именување или вработување или е
пропишува член 74 од Законот за судир на интереси.
вклучено како член на телото што ја спроведува таа постапка е должно да го извести раководното лице во органот, односно институцијата каде што службеното лице врши јавни овластувања за сите постапки што можат да предизвикаат судир на интереси;
(2) По утврдувањето на односот на службеното лице со кандидатот за избор, именување или вработување, раководното лице од ставот (1) на овој член, е должно да ги преземе сите неопходни мерки за спречување на појавата на судир на интереси;
(3) Во случај на сомневање за постоење судир на интереси во случаите од ставот (1) на овој член, службеното лице и раководното лице од ставот (1) на овој член можат да побараат мислење од Државната комисија.
Уставен нема процедура за судир на интереси?
Препорака на Државната комисија за спречување на корупцијата е Уставниот суд интерно да го менаџира прашањето за судир на интереси.
Но, ако се отвори Деловникот на судот, таму нема ниту збор за „судир на интереси“. Односно, не е опишана процедурата кога, како и кому се пријавува потенцијален судир на интереси и кој и како одлучува.
Вчера, кога „360 степени“ формално се обрати до Уставниот суд за потенцијалниот судир на интереси кај дел од судиите во однос на иницијативата на оштетените штедачи, од судот ни одговорија дека не коментираат „шпекулации“, но и дека судиите самите се грижеле за интегритетот.
„Пред сѐ, конкретно во овој дел се работи за шпекулација по која Судот не може да се изјасни.
Од друга страна, тоа не значи дека Уставниот суд има општ став и во случај на постоење на судир на интереси, истиот тој судија да може да учествува во расправата и одлучувањето по конкретен предмет.
Напротив, тоа е материја која е уредена со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси кој Уставниот суд е должен да го применува.
Овој закон точно дефинира што претставува ‘судир на интереси’ и предвидува дека службеното лице е тоа кое е должно да внимава на постоењето на потенцијален судир на интереси и да преземе мерки за негово одбегнување, а за неговото изземање одлучува самиот орган по претходно барање на ова лице.
Впрочем, во неколку предмети, овој состав на Судот го примени Законот за спречување на корупција и судир на интереси на начин што врз основа на претходно барање на судија, донесе одлука за негово изземање од расправа и одлучување поради постоење судир на интереси“,
одговорија од Уставниот суд за „360 степени“.
Во телефонскиот разговор, уставниот судија Дарко Костадиновски ни потврди дека е близок со Костовски и дека имал деловни односи со банката која сега е во стечај.
Но, според судијата Костадиновски, ниту деловните односи со Еуростандард ниту приватните односи со Костовски не се пречка за тој да учествува во гласањето за иницијативата на штедачите од банката во стечај.
„Не, нема да се изземам, затоа што за да се изземам во предмет, како што имам правено порано, треба да биде конкретно барање, на пример за заштити на слободи и права. Во случајов, станува збор за апстрактна уставна контрола на законска одредба која се однесува на неопределен број на субјекти, а не на поединечни субјекти“,
изјави за „360 степени“ уставниот судија Дарко Костадиновски.