Директорот на Клиниката за неврологија, Иван Барбов, доцна вечерва на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на ковид-19. Како што самиот објаснува, не се тестирал поради симптоми на болеста, туку затоа што имал контакт со неколку пациенти за кои подоцна се утврдило дека се позитивни.
„Денес го добив резултатот за САРС-КоВ-2 кој е позитивен. Вчера се тестирав заради контакт со неколку пациенти кои испаднаа позитивни, иако и тие и јас бевме со заштитна опрема. Немам никакви симптоми и од вчера сум во домашна самоизолација.
вели Барбов во објавата на Фејсбук.
Во изминативе 4 месеци секојдневно бев на работа, не се поштедив со ротации. Се со цел подобро да ја организирам работата на клиниката и да бидам достапен за сите пациенти. Постојано носев маска на работа и надвор во затворени простории. Почитувајте ги препораките и чувајте се“,