Директорот на Јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“, Васко Кичевски, е позитивен на ковид-19 и од денеска е во самоизолација.
Тој вели дека има благи симптоми, со добра клиничка слика.
„И покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, утрово добив позитивен резултат за ковид-19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во опасност“,
напиша Кичевски на Фејсбук.
Министерството за здравство денеска информираше дека во текот на последното деноноќие има регистрирано 317 нови случаи на ковид-19. Според нивните информации, во тој период напраени се 1 990 тестови.