Има големи изгледи и позитивни сигнали од огромно мнозинство на земјите членки на ЕУ, меѓутоа текстот и дебатата не е докрај завршена, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров одговарајќи на новинарско прашање во однос на процесот за започнување на преговорите на земјава со Европската Унија.
Тој, заедно со германскиот министер за Европа, Михаел Рот, на денешната виртуелна прес-конференција испратија оптимизам за европската иднина на земјава, но посочија дека ништо не е дефинитивно.
Димитров укажа дека во текот на минатиот ден имал контакти со Франција, Германија, Холандија и, иако сигналите се позитивни, чувствува одговорност да биде внимателен во оптимизмот.
„Белгија ја заклучи земјата како последица на коронавирусот и многу е тешко кој било од министрите на земјите членки на присуствува во Брисел на 24 март. Правниците на Унијата разговараат како тоа да се организира и дали може сите да бидат преку видеоврска и се надевам дека тука ќе се донесе правилна одлука. Мислам дека ЕУ ќе згреши многу ако прати сигнал дека е толку оптоварена со здравствената криза што не може ништо друго да прави. Ќе биде многу важно, после толку многу работа и напор, кога сме на чекор до тој заеднички успех, да се најде начин да се одржи тој 24 март“,
додаде Димитров.
Германскиот министер Рот, на прашање дали е усогласена новата предлог-методологија на ЕУ, бидејќи некои од земјите членки имаат дадено забелешки, рече дека начелно со предлозите се усогласени.
„Сега е јасно дека ЕУ е за перспектива на земјите од Западен Балкан и уште повеќе ќе се фокусираме на прашањата на вредностите, на владеење на правото, на помирување, на демократијата. Се разбира дека многу е важно додека траат преговорите, луѓето во тој период да добијат нешто од тоа. Кога реформите соодветно ќе се спроведат, тоа соодветно треба да биде наградено. Но, ако има застој на реформите, ќе се одговорите така. Впечатокот ми е дека има расположените меѓу земјите-членки и нема изгледи дека некој ќе ја блокира новата методологија“,
рече Рот.
Тој додаде дека се согласува до Димитров, дека ситуацијата во ЕУ е тешка поради коронавирусот, но напорите се насочени да се реализира средбата на Советот за општи работи и Самитот на ЕУ најавени за идната недела.