Секое пријателство, за да биде вистинско, и европските интеграции, за да бидат европски, го подразбираат нашето право на самоопределување, рече шефот на дипломатијата, на промоцијата на МАНУ на четири капитални изданија за македонскиот јазик
За нас Македонците, македонскиот јазик е затворено прашање, и дома и во светот. Секое пријателство, за да биде вистинско, и европските интеграции, за да бидат европски, го подразбираат нашето право на самоопределување. Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој присуствуваше на промоцијата на МАНУ на четири капитални изданија за македонскиот јазик.
„Денешниот настан за македонскиот јазик во МАНУ, можеби е најдобро сублимиран во една реченица на Мисирков: ‘Милоста кон народниот јазик е наш долг и наше право“,
рече Димитров.