Срамоте е луѓето од опозицијата кои беа спремни да ја нападнат својата држава, за да избегнат одговорност денеска да зборуваат за правда, рече Никола Димитров, носител на ИЕ1 од коалицијата „Можеме“ на вчерашната трибина во Скопје.
„Знаете ли која беше дилемата пред 1 јуни 2017 година, 33 дена пред преземањето на оваа планина од одговорност? Дали ќе преживее Зоран Заев, дали ќе преживее Зијадин Села и други народни пратеници во Собранието. Пустош наследивме. Тоа беше обид за државен удар“,
рече Димитров.
Според него ВМРО-ДПМНЕ 18 месеци преговарале за Законот за јавно обвинителство, со цел да избегнат правда и покрај барањата на ЕУ тој закон да биде донесен.
„Немаше слобода, немаше демократија. Препораката на Европската комисија, во 2016 год. ја изгубија. Перспективи нула. Заглавени во слепа улица. Со пријатели помалку од една рака. Не се ни шепкаше за нас во ходниците на НАТО. Безнадежен случај во Брисел, во европските институции. И играње на меѓуетнички тензии. Да не заборавиме што беше контекстот за нападот во Собранието“,
истакна Димитров.