„Лошата состојба во буџетот ги надмина и нашите очекувања. Во овој краток период додека се подготвуваше ребалансот отворив многу прашања, но добив и многу непријатни изненадувања. Ветив дека ќе бидам искрена пред граѓаните. Затекнуваме состојба која значи држава во хаос и долгови. Буџет кој е список на желби и предимензионрани плаќања, наместо креиран развој“, рече министерката за финасии
Буџетот е оштетен за повеќе од 32 милијарди денари (околу 520 милиони евра), рече денеска на прес-конференција министерката за финасии Гордана Димитриеска-Кочоска, посочувајќи дека со анализите во министерството со кое раководи констатирано е дека има многу доспеани обврски, но обврски што не биле пријавувани.

„Скративме 20 милијарди во однос на прераспределба, каде имавме нереализирани ставки, дополнително 12 милијарди и со сигурност можам да потврдам дека има уште некои шест милијарди кои буџетскиот дефицит не можеше да ги поднесе во овој период. Треба да бидеме сериозни кон меѓународните финасиски институции. Имаме кредитен рејтинг како држава. Не смееме да го доведеме во прашање. Тоа е нешто што го планираме за следниот буџет, во кој ќе се дорасчистат сите доспеани обврски. Тој буџет ќе го подготвуваме сами, ќе има многу кратења, биудејќи голем дел од трошоците беа реализирани“,
рече таа.
Потврдно одговори на новинарското прашање дали очекува за констатираните состојби да реагира и Основното јавно обвинителство, посочувајќи дека нејзните изнесени наводи се за констатирани состојби во Министерството за финасии, а потоа, според неа, надлежноста е на другите институции.
На почетокот од прес-конференцијата на која го претстави ребалансираниот буџет, министерката рече дека државата е во хаос, а економијата во клиничка смрт.
„Лошата состојба во буџетот ги надмина и нашите очекувања. Во овој краток период додека се подготвуваше ребалансот отворив многу прашања, но добив и многу непријатни изненадувања. Ветив дека ќе бидам искрена пред гражаните. Затекнуваме состојба која значи држава во хаос и долгови. Буџет кој е список на желби и предимензионрани плаќања, наместо креиран развој“,
вели министерката.
Според неа, со новите проекции се намалува проекцијата на растот, бидејќи првично проектираниот БДП е нестварлив. Инфлацијата рече дека предвидена на ниво од 3,5 отсто, а растот на нето платата за 13 отсто.
„Ребалансираниот буџет ќе изнесува 362 милијарди денари (5,8 милијарди евра), а се очекуваат приходи од 318 милијарди денари (5,2 милијарди евра). Буџетскиот дефицит се зголемува на 720 милиони евра 4,9 отсто во однос на БДП кој е коригиран. Буџетот ќе изнесува 68 отсто од БДП“,
рече Димитриеска-Кочоска.
Министерката посочи дека со ребалансот се обезбедени 4,1 милијарда денари (66,6 милиони евра) за плати, од нив 1,1 милијарда за блок дотации за плати кои не биле планирани во основниот буџет, 5 милијарди денари (81,3 милион евра) се планирани за исплата на пензиите.
Во дел од институциите, како што рече Димитриеска Кочоска, имало предвидени плати само до месец јуни.
Загрижува фактот, вели министерката, што голем број државни претпријатија не можат да ги отплатат ратите на кредитите за кои гарантира државата, па со ребалансот морало да се определат дополнителен износ на пари.
„Ќе бидат потрошени 5,1 милијарда денари за долгови на ЈПДП, ЈСП, Железница бидејќи тие не можат да ги платат кредитите за кои државата гарантирала и 600 милиони денари ќе се потрошат за покривање на долгови од судски решенија“,
вели таa.
Според неа, на посебни сметки на повеќе институции се чуваат високи суми на пари што не се трошат, но затоа, се создавале дополнителни трошоци. Нереални биле проекциите на буџетот за годинава и се трошеле пари за непродуктивни цели.
Некои од законските обврски како студентски оброк и дополнителни пари за изборите не биле предвидени, но треба да се покријат. Министерката рече колку што е можно се кратени парите кои се испланирани за буџетите на сите институции, но и кај капиталните инвестиции кои не биле реализирани.
Во однос на заемот од Унгарија, министерката рече дека тој веќе е планиран во сегашниот буџет каде што се предвидени 500 милиони евра за покривање на доспеани долгови.
Бизнисот ќе ги добие планираните 250 милиони евра од договорените 500 милиони со Унгарија под истите услови под кои ќе ги земе државата, рече денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска. За реализацијата на средствата, како што истакна, ќе се разговара со Банката за развој.