Тој кажа дека сака да оди чекор понатаму, па законската обврска за самоизолација ќе ја направи само препорака, откако минатиот месец ги укина таканаречените мерки од „планот Б“, привремено наметнати за да се забави ширењето на омикрон сојот
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави оти во текот на месецот ќе ја претстави владината стратегија за соживот со коронавирусот, која меѓу другото би опфаќала укинување на законската обврска за самоизолација на луѓето во Англија кои се позитивни на ковид-19.
Тој кажа дека сака да оди чекор понатаму, што е дел од промената на насоката на навикнување на живот со ковид-19, па законската обврска за самоизолација ќе ја направи само препорака, откако минатиот месец ги укина таканаречените мерки од „Планот Б“, привремено наметнати за да се забави ширењето на омикрон сојот.
„Доколку продолжат да пристигнуваат тековни охрабрувачки податоци очекувам дека ќе можеме да ставиме крај на преостанатите ограничувања, вклучувајќи ја и законската обврска за самоизолација во случај на позитивен наод, еден месец порано“,
додаде Џонсон.
Обврската во моментов треба да трае до 24 март, но Џонсон претходно кажа дека ќе се обиде да ја укине доколку е тоа можно.