Џелал Незири, новинар и уредник во Центарот за истражувачко новинарство СКУП во гостување во „360 степени“ вели дека третото вето за С Македонија на патот кон ЕУ може да предизвика евроскептицизам кај граѓаните и да ги демотивира.
„Реалноста во овој случај е дека С Македонија, не само сега, туку препорака за отворање на преговорите има од 2009 година, но во првата осумгодишнина беше грчкото вето до 2017 година кое го држеше блокиран процесот за отпочнување на преговорите за членство. Потоа, го имавме француското вето кое не се согласуваше со методологијата на процесот на преговори на интеграција на нови членови во ЕУ, кое одзема две години. Сега го имаме третото вето кое мислам дека е доста загрижувачко како пракса затоа што оваа политика на користење на правото на вето од страна на земјите членки на ЕУ може да доведе до демотивација на граѓаните на Македонија или зголемувањето на евроскептицизмот помеѓу граѓаните на С Македонија“,
вели Незири.
Според него, досега имало политички сили и надворешни фактори кои биле заинтересирани да ја покажат ЕУ како унија која не е дотолку заинтересирана за Балканот. Но, ако ги гледаме индикаторите како што се директните странски инвестиции, трговски размени, ќе видиме дека ЕУ е главен партнер на земјите од Балканот и гаранција за нивната економска и политичка безбедност, смета Незири.