Во однос на уставните измени, тој изрази надеж дека сите политички фактори ќе покажат одговорност и свесност за важноста на успехот на овој процес за одржувањето на следната меѓувладина конференција бидејќи, како што истакна, овој чекор е особено важен во време на воена, енергетска, економска и здравствена криза
Претседателката на швајцарскиот Национален совет на Федералниот парламент Келин порача дека еден важен сегмент на патот на напредокот на земјава ќе биде и промената на Уставот за продолжување на преговорите со Европската Унија и оти се надева дека во следните неколку недели и месеци партиите ќе развијат демократска и конструктивна дебата на која ќе се утврди што е најдобро за иднината на државата
Претседателот на Собранието, Талат Џафери на прес-конференцијата со претседателката на Националниот совет на Федералниот парламент на Швајцарија, Ирене Келин, која е во посета на земјава, соопшти дека во наредниот период Собранието ќе се фокусира на процесот на уставни измени како услов за влегување во следната фаза од интегративниот процес на земјава за влез во Европската унија, а во кои главен дел е внесувањето на Бугарите во Уставот.

Во однос на уставните измени тој изрази надеж дека сите политички фактори ќе покажат одговорност и свесност за важноста на успехот на овој процес за одржувањето на следната меѓувладина конференција, бидејќи како што истакна, овој чекор е особено важен во време на воена, енергетска, економска и здравствена криза.
„Во однос на европската интеграција на Република Северна Македонија, вчера беше објавен Извештајот за напредокот на земјата од Европската комисија во кој за Собранието како форум за конструктивен политички дијалог, особено за реформската агенда на ЕУ се потенцира важноста од активна и позитивна улога за напредокот на земјата. Во тој контекст, ја информирав претседателката Келин дека во септември го започнавме процесот на скрининг, со кој треба да се зајакнат домашните институционални капацитети“,
рече Џафери.
Претседателката на швајцарскиот Национален совет на Федералниот парламент Келин порача дека еден важен сегмент на патот на напредокот на земјава ќе биде и промената на Уставот за продолжување на преговорите со Европската Унија и оти се надева дека во следните неколку недели и месеци партиите ќе развијат демократска и конструктивна дебата на која ќе се утврди што е најдобро за иднината на државата.
„Никогаш не е едноставно да се најде компромис, меѓутоа за компромисот нема алтернативи и покрај тоа што понекогаш компромисот е тежок и боли. Не е моја задача да го вреднувам односот помеѓу владејачките и опозициските партиите, но се надевам дека ќе се води успешен дијалог во Собранието, ние имаме друг систем, кај нас се води меѓусебен дијалог за да се постигне консензус, јас се надевам дека ќе го изодите патот макар што е трнлив и се надевам дека ќе ги надминете сите предизвици“,
истакна Келин.
Таа додаде дека поддршката за Северна Македонија на нејзиниот пат кон евроатлантските интеграции и кон зајакнување на правната држава и демократијата, продолжува и во иднина.
Инаку, како што соопшти Џафери, тој и Келин на средбата што ја одржаа во Собранието разговарале за донациите што Швајцарската Конфедерација ги дава за С Македонија.
„Конкретно за Собранието и Програмата за парламентарна поддршка со која работиме на реформи од Стратегискиот план на Собранието за функционален, отворен, дигитален, безбеден парламент, како и развој на парламентарната дипломатија и ефикасна парламентарна служба. Верувам дека сме на добар пат кон еден вистински современ парламент“,
изјави Џафери.
Тој ја информирал Келин за активното учество на Северна Македонија како земја членка на НАТО во активностите за придонесување кон колективниот мир и безбедност, особено по актуелните случувања во Украина.
Претседателката на Националниот совет на Федералниот парламент на Швајцарија, Ирене Келин во рамките на својата посета на земјава попладнево имаше и обраќање пред пратениците во законодавниот дом во кое ја истакна важноста за зачувување и унапредување на демократските вредности во овие турбулентни времиња.
Кон средината на јули годинава, С Македонија ја одржа првата меѓувладина конференција со Европската Унија со што и официјално ги започна преговорите за членство 17 години по добивањето на кандидатскиот статус во 2005 година.
Почетокот на преговорите уследи по усвојувањето на заклучоците на Францускиот предлог со што беше повлечено ветото од страна на Бугарија, кое го кочеше стартот на преговорите.
На првата меѓувладина седница меѓу С Македонија и ЕУ во Брисел беше отворен скрининг-процесот за усогласеноста на македонското законодавство со она на ЕУ. Натамошниот тек на пристапните преговори на земјава со ЕУ е условен со промена на Уставот и внесување на Бугарите во него.