Претседателот на македонскиот парламент говореше на состанокот на спикери од Западен Балкан, при што нагласи дека новонаметнатиот спор ги става во незавидна позиција политичарите кога треба да објаснат зошто има нови барања што претходно не беа дел од критериумите за почеток на преговорите со ЕУ
Новонаметнатиот спор со Бугарија како политичари нѐ става во незавидна позиција да бараме разумно објаснување за граѓаните дека има ново барање, кое не беше дел од претходните барања за одредување датум за почеток на преговори со ЕУ, на кои посветено и неуморно работевме заради ветувањето дека по нивната реализација ќе следува долгоочекуваниот старт на преговорите, нагласи претседателот на македонскиот парламент Талат Џафери во своето обраќање на состанокот на спикери на парламенти на Западен Балкан, во Брдо кај Крањ во Словенија.
„Го надминавме долгогодишниот спор со Грција, а претходно го потпишавме и Договорот со Бугарија. Овие државнички чекори немаше да бидат реалност, доколку немаше конструктивност и политички дијалог во Собранието, затоа што голем дел од потребните законски решенија налагаа обезбедување на двотретинско мнозинство. Сите парламентарни партии се обединија во нивното донесување, свесни за тежината и одговорноста што ја преземаат врз себе, меѓутоа, убедени дека на тој начин ја спроведуваат волјата на нашите граѓани, т.е. исполнување на реформите за влегување во следната фаза од процесот на интеграции, почетокот на преговорите до полноправното членство во Европската унија. Вложуваме максимални напори, но со оглед на фактот што последните анкети и нашите директни контакти со граѓаните се обоени со голема доза на разочараност и неверување дека овој процес некогаш ќе има успешна завршница и дека постојано ќе има нови барања, ентузијазмот и кај граѓаните и кај политичарите може да спласне“,
рече Џафери.
На состанокот на претседатели на парламенти, кој е во рамки на словенечкото претседателство со ЕУ, Џафери рече дека е свесен оти Европската Унија во моментов се соочува со многу предизвици, поврзани со реформирањето на институциите и идното функционирање, кои треба да ја направат посилна, поконкурентна и побезбедна во глобалниот свет.
„Отворените прашања се решаваат само со взаемна доверба, меѓусебен дијалог, разбирање и почитување. Искрено ги поздравуваме напорите на претходното претседателство за поставување одредени основи врз кои може да се продолжи со надминување на проблемот, исто така и на словенечкото претседателство. Јасно е дека, разрешницата на овој проблем ќе се одрази и на решавањето на други отворени прашања во регионот и затоа, ако
рече Џафери.
долгорочната европска перспектива на регионот е заедничка крајна цел на сите засегнати страни, потребна е исклучителна и сестрана дипломатија, тактичност и прагматичност. Воедно, се надеваме на што поскоро надминување на политичката криза во Бугарија,“