„Поради тоа што сме во изборна година на претседателски избори во април-мај оваа година, дополнителна задача е Владата да ги организира и да се подготват предусловите изборите да бидат слободни, фер и демократски“, вели техничкиот премиер
Јас сум првиот претседател на Собранието, а моментално прв претседател на Владата на Република Северна Македонија, со тоа што и претходно сум го истакнал чувството на одговорност за предизвиците што произлегуваат од обврските и задачите што премиерот ги има со раководењето на државата. Ова денеска го изјавил премиерот Талат Џафери, во интевју за Репорт ТВ во Тирана, во рамки на самитот Украина – Југоисточна Европа, одговарајќи на прашањето како се чувствува како прв премиер Албанец во Владата на Република Северна Македонија.

Премиерот Џафери, ја истакна одговорноста што ја има Владата што ја предводи согласно Уставот, како и за организирањето на претстојните избори.
„Поради тоа што сме во изборна година на претседателски избори во април-мај оваа година, дополнителна задача е Владата да ги организира и да се подготват предусловите изборите да бидат слободни, фер и демократски. Уставот на Република Северна Македонија не го признава техничкиот термин „привремен“, а инаку Уставот ја признава Владата на Република Северна Македонија со сите овластувања што ги има“,
рече премиерот Џафери.
Во интервјуто, премиерот Џафери, изразил очекување дека ќе се случи промена на перцепцијата околу етничката припадност за функцијата на претседател на државата да биде Албанец, давајки му значење, како што вели на презентирањето на граѓаните и на земјата воопшто.