Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска гласаше во родното гостиварско село Форино, по што порача дека му е мило што за гласањето се преземени сите мерки за заштита од коронавирусот.

Тој е и носител на кандидатската листа на ДУИ во петтата изборна единица, па порача дека по гласањето ќе се упати оттаму да ги следи резултатите.
„Како што е редот денес, јас во моето родно место го искористив правото на глас. Со оглед дека сум носител на кандидатската листа во петтата изборна единица, по гласањето ќе се упатам таму за одблизу да ги следам изборите и таму да ги чекам резултатите по завршувањето на гласањето. Мило ми е што се преземени сите мерки за заштита од коронавирусот и тоа е она што треба да следи во текот на денот. На сите што учествуваат во изборите им посакувам успех“,
изјави Џафери.
На гласачкото место во основното училиште „Форино“ тој дојде со својата сопруга.