„Ароганцијата и забеганоста немаат нација, но имаат име и презиме – Талат Џафери! Оставка!“, стои во реакцијата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде што додаваат дека претседателот на Собранието ги малтретира и се изживува со луѓето кои му се подредени во хиерархија, а сега кога треба да се соочи со своите постапки, велат, нема храброст да признае и да си поднесе оставка

Џафери ги пцуеше и малтретираше вработените, а сега нема храброст да се соочи со своите постапки за да не мора да поднесе оставка, стои во реакцијата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако собранискиот спикер Талат Џафери денеска рече дека не чувствува потреба да им се извини на вработените во собраниските служби за кажаните зборови што се слушнаа на Собранискиот канал по завршување на седницата пред две недели.
„Ароганцијата и забеганоста немаат нација, но имаат име и презиме – Талат Џафери! Оставка!“,
стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Пцуењето и дивеењето на Џафери, додаваат од партијата, одеше во живо на Собранискиот канал, а целата јавност слушна како се изживува со вработените во Собранието кои молчат и ги трпат неговите навреди.
Во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ додаваат оти претседателот на Собранието ги малтретира и се изживува со луѓето кои му се подредени во хиерархија, а сега кога треба да се соочи со своите постапки, велат, нема храброст да признае и да си поднесе оставка.
„Џафери на кукавички начин денес по 10 дена молк кажа дека не ги пцуел вработените туку нивниот однос, само за да остане на власт, и подмолно повторно да ја злоупотребува позицијата, како и досега, шиканирајќи ги вработените“,
реагираат од партијата.
Од партијата истакнуваат оти Џафери треба да се охрабри и да признае што направил, а потоа, како што додаваат, да си поднесе оставка веднаш.
Претходно денеска претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека не чувствува потреба да им се извини на вработените во собраниските служби за кажаните зборови што се слушнаа на Собранискиот канал по завршување на седницата пред две недели.
Меѓу другите надлежности, вели Џафери коментирајќи ја снимката, е и да ја следи работата на службата и да создаде услови за нејзина работа.
Пред две недели во јавноста излезе снимка на која се слуша гласот на претседателот на Собранието, Талат Џафери како со навреди им се обраќа на вработени во собраниските служби, што опозициската ВМРО-ДПМНЕ го оцени како скандалозно и примитивно и уште веднаш побара оставка за собранискиот спикер.