Девојчето од Лабуништа, на возраст од 14 години, кое вчера почина на пат кон Ургентниот центар во Скопје, имало негативен резултат на посмртниот тест за ковид-19, потврдуваат здравствените власти.
Девојчето било во тешка здравствена состојба и со покачена температура. Како што беше објавено вчера, во таква состојба вчера околу 6.30 часот било однесено во струшката болница од таткото.
На пат кон Скопје, почина, а беше земен и брис за да се испита дали имало коронавирус.
Јавен обвинител, пак, даде наредба за обдукција на телото.
