„Причината за пожарот и висината за направената материјална штета ќе бидат дополнително утврдени“, велат од ЦУК
Девет пожарникари со три противпожарни возила од утрово превентивно дежураат пред опожарената зграда во скопската населба Чаир, каде што повеќе од триесет часа гореа подрумските простории, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Оттаму велат дека иако пожарот е изгаснат, на терен превентивно се наоѓаат противпожарникарните единици.
„Причината за пожарот и висината за направената материјална штета ќе бидат дополнително утврдени“,
се вели во соопштението од ЦУК.
Пожарот во зградата на улицата „Серава“ во скопски Чаир избувна ноќта помеѓу 1 и 2 октомври, а беше активен повеќе од 30 часа. Вчера околу 9:30 часот беше целосно изгаснат.
Гореа подрумските простории на објектот, станарите беа евакуирани преку покривот, а зградата со посебни скали на противпожарно возило.
Поради вдишување чад, 40-ина лица побараа лекарска помош, а некои беа задржани на лекување на скопските клиники.
Поврзани вести:
- Пожар во зграда во скопски Чаир – станарите евакуирани, неколкумина побарале помош поради вдишување чад
- Дванаесет деца и 31 возрасен побарале помош поради вдишан чад во денешниот пожар во Чаир
- (ФОТО) Пожарот во Чаир сè уште активен, во гасењето се вклучува специјално противпожарно армиско возило
- Пожарот во Чаир е целосно изгаснат, ќе се проценува состојбата на зградата и становите
- Двајца приведени поради обид за кражба во опожарената зграда во Чаир
- Неопходна е проверка на статиката и конструкцијата на зградата во Чаир пред враќање на станарите, вели деканот на Градежниот факултет