Девет компании влегуваат во втората фаза од тендерската документација за ХЕЦ „Чебрен“, соопштија од Владата откако на денешната седница ја усвоиле информацијата дека постапката може да премине во наредната фаза.
Само една компанија не се квалификувала да продолжи понатаму.
„Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за усвојување на тендерска документација за втора фаза во постапка за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река. Согласно резултатите од првата фаза, 9 од 10-те пријавени компании ги исполнија условите од претквалификацијата и со тоа се стекнаа со право да достават на понуди за втората фаза“,
велат од Владата.