Американскиот претседател Џо Бајден ги повика американските граѓани да се соочат со лобито за оружје во САД и да го притиснат Конгресот конечно да ги заостри законите за контрола на оружјето
Деветнаесетте деца и двајцата наставници убиени во масакр во основно училиште во јужен Тексас биле во една училница за четврто одделение каде напаѓачот се забарикадирал, соопшти денеска полицијата.
„Полицијата го опколи основното училиште Роб во Увалде, Тексас, кршејќи ги прозорците во обид да ги евакуира децата и персоналот“,
изјави за Си-ен-ен портпаролот на Одделот за јавна безбедност во Тексас, Крис Оливарез.
Полицајците потоа насила влегле во училницата и го убиле напаѓачот, идентификуван како 18-годишниот Салвадор Рамос.
Убиството на 19 деца и двајца наставници во основно училиште во Јужен Тексас поттикна повик за акција од американскиот претседател Џо Бајден – ги повика Американците да се соочат со лобито за оружје во земјата и да го притиснат Конгресот да ги заостри законите за оружје.
Ова е најголем масакр во основно училиште во САД по трагедијата во Сенди Хук во Конектикат во 2012 година, во која беа убиени 26 лица, од кои 20 деца на возраст меѓу шест и седум години.