Надлежните се на терен и ги утврдуваат причините за сообраќајката
Едно лице е загинато во сообраќајната несреќа што утрово се случила на автопатот Штип-Миладиновци во близина на населбата Три Чешми, говорат првичните информации од полицијата.
Според информациите од СВР Штип, во несреќата учествувале автомобил „голф“ и товарно возило.
Загинатиот е возачот на „голфот“. Станува збор за маж роден 1986 година во Гевгелија.
На местото на сообраќајката на терен излегоа и екипи на Итната медицинска помош, противпожарната единица и полицијата, а по направениот увид се очекуваат и информации за причините.
Претходно за сообраќајката информираа од АМСМ наведувајќи дека сообраќајот на автопатот Штип-Миладиновци е во прекин.