Антивладините собири продолжија утрово, и покрај акциите на полицијата претходната вечер
Повеќе од 360 лица се уапсени во Белорусија за време на протестите поради инаугурацијата на претседателот Александар Лукашенко, што се одржаа без претходно известување.
Илјадници Белоруси излегоасиноќа на улиците на главниот град Минск и другите градови низ целата земја,, а полицијата ги растера со помош на палки и водени топови, при што десетици граѓани се повредени.
Белоруското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека се приведени 364 лица, од кои 252 во главниот град. Повеќето се во притвор во очекување на судење.
Антивладините собири продолжија утрово, и покрај акциите на полицијата претходната вечер. Стотици луѓе во Минск формираа синџири на солидарност во различни делови на градот и го нарушија сообраќајот возејќи полека или застанувајќи и трубејќи во знак на протест.