Десетина нови сведоци денеска се обратиле до српската полиција за случајот со силувањето и сексуалната злоупотреба на актерки кои го обвинија режисерот и нивни наставник, Мирослав Мики Алексиќ (68).
Како што пишува Блиц, сведочењето на овие десетина жени послужиле да се потврдат дел од наводите дека Алексиќ ги извршувал различните кривични дела за кои се сомничи. Блиц повикувајќи се на извори од истрагата пишува дека овие десетина жени кои денеска се јавиле во полиција ќе бидат повикани како сведоци во судскиот процес.
По приведувањето на Алексиќ, српската полиција издаде соопштение преку кои ги повика сите оние кои имаат некакви сознанија или биле злоупотребени од негова страна да дадат исказ во полициска станица.
Алексиќ се сомничи за силување и сексуално вознемирување на свои ученички. делата што му се ставаат на товар наводно ги извршувал од 2008 до 2020 година.
За овој случај прва во јавноста зборзборе актерката Милена Радуловиќ (25), а по неа и нејзината колешка Ива Иличиќ.
Досега најмалку шест жени пријавиле дека биле негови жртви на силување или сексуална злоупотреба, а според последните информации уште десетина сведоци дале исказ во полициска станица за овој случај.