„Музенидис травел“ ги откажал сите патувања од 27 јуни до крај на јули
Десетина илјади аранжмани за летен одмор во Грција на граѓани од Македонија, Бугарија, Србија и Босна Украина, Романија и Русија се откажани откако грчкиот туроператор „Музенидис травел“ ги откажал сите патувања од 27 јуни до крајот на јули, поради финансиски проблеми.
Според српските медиуми, белградски туристички агенции добиле известување вчера и сега се бара решение за овие аранжмани.
Бугарските медиуми, пак, јавија дека под знак прашалник се туристички аранжмани на голем број Бугари кои уплатиле преку агенции поврзани со „Музенидис травел“, кои секојдневно добивале информации дека хотелите во Грција одбиваат да ги прифатат резервациите преку „Музенидис“.
Грчки медиуми јавија дека компанијата со седиште во Солун ќе се обиде до 31 јули да најде решение со кредиторите и да успее во обидите за финансиска помош од државата.