Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала од умерена облачност, а во попладневните часови во југоисточните делови ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура се движи во интервал од шест до 11 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени.
Во Скопје, според УХМР, денеска ќе биде сончево со мала од умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 21 Целзиусов степен.
За време на викендот ќе преовладува претежно сончево и топло време. Во недела во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. До средината на следната седмица времето ќе биде променливо, локално нестабилно со дожд и грмежи.