Утрово е најстудено во Берово, каде се измерени минус седум степени, додека најтопло е во Гевгелија со шест степени.
Според УХМР, до 8:30 часот минус три степени се измерени во Попова Шапка, Крива Паланка, Битола, Маврови Анови, Струмица, минус два во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Штип и Демир Капија, еден степен под нулата во Крушево, нула во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Виница и Дебар, а 5 степени во Дојран.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во источните делови со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 9 степени.