Во последните 24 часа се направени 1 375 тестирања, а регистриран е еден нов случај на ковид-19. Новозаразениот според податоците на Министерството за здравство е од Куманово.
Регистрирани се 204 оздравени пациенти, а во последното деноноќие починале тројца. Еден од починатите е на 55-годишна возраст од Куманово, еден 61-годишен пациент од Тетово и 80-годишен од Гевгелија. Тројцата се починати во болница.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 418, бројката на оздравени пациенти е 149 496, на починати е 5 458, а бројот на активни случаи изнесува 464.
Утринава од Министерството соопштија и дека првпат е регистриран индиски сој на вирусот во земјава, кај пациент хоспитализиран во приватна болница минатата недела, кој се вратил од Ирак.