Како што информираат од владината прес-служба, Владата денеска донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед
Наместо до 31 јануари, дел од прехранбените производи, како и безалкохолните пијалаци и пивото ќе се продаваат по замрзнати, „гарантирани цени“ до крајот на февруари 2024 година. Одлуката за продолжување на мерката, како што информираа од владината прес-служба, е донесена на денешната владина седница на барање на Министерството за економија.
Како што информираат од владината прес-служба, Владата денеска донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед.
„Со донесените измени на постоечката Одлука, на предлог на Министерството за економија, се продолжува ограничувањето на цените до 29 февруари 2024 година, наместо до 31 јануари 2024 година, за определени видови основни прехранбени производи и тоа: ориз, брашно, леб и други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи“,
велат од Владата.
Владата донесе и Одлука за изменување на Одлуката за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало.
„Со измените на постоечката одлука, исто така на предлог на Министерството за економија, се продолжува до 29 февруари, од претходно утврденото ограничување на цените до 31 јануари, за: минерална негазирана и газирана вода и негазирани и газирани пијалаци (сокови), во определени пакувања и светло пиво“,
се додава во соопштението на владината прес-служба.
Мерката „гарантирана цена“ беше донесена лани во септември, а важи за повеќе категории на прехранбени производи кои се продаваат по цени за 10 отсто пониски од оние што овие производи ги имале на 1 август 2023 година.
Листата на производи што ја утврди Владата за да бидат со „гарантирана цена“ опфаќа 24 категории производи. Потоа беше донесена одлука да се намалат цените и на пијалаците.
Од денеска „гарантирана цена“ и за безалкохолните пијалаци и пивото