Од Министерството за здравство информираат дека на Клиника за пулмологија во изминатото деноноќие е прегледан и пуштен на домашно лекување пациент кој е вратен од Марибор

Во моментот надвор од државата се лекуваат 48 пациенти повредени во пожарот во Кочани, информира Министерството за здравство од каде дополнуваат дека не се планирани исписи од странски медицински центри за викендов.
Од Здравство велат дека состојбата на пациентите останува непромената. Дел од нив се во критична состојба, а останатите се стабилни.
„Во болниците во земјава во моментот се лекуваат десет пациенти, од кои четворица во Хируршка клиника ‘Свети Наум Охридски’, три на Клиника за пластична хирургија, двајца пациенти во приватната болница ‘Систина’. Во ГОБ “8 Септември” еден пациент во моментов е на лекување, додека вториот, кој беше вратен од Анкара е прегледан и пуштен на домашно лекување“,
соопшти Министерството за здравство.
Оттаму информираат дека на Клиника за пулмологија во изминатото деноноќие е прегледан и пуштен на домашно лекување пациент кој е вратен од Марибор.
Велат дека Министерството за здравство активно ја следи состојбата со повредените пациенти со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.