Според она што како информација го објавија дел од општинските ограноци на Левица, носител на листата во првата изборна единица ќе биде партискиот лидер и актуелен пратеник Димитар Апасиев. Во „двојката“ носител ќе биде Амар Мециновиќ – актуелен советник во Град Скопје и портпарол на партијата. Во изборната единица 3 носител ќе биде актуелниот пратеник во парламентот Борислав Крмов
На официјалните фејсбук-страници на дел од општинските ограноци на политичката партија Левица од вчера се споделуваат објави во кои се објавени имињата на носителите на пратеничките листи во шесте изборни единици на претстојните парламентарни избори што ќе се одржат на 8 мај.
Засега објава во која официјално се обзнануваат имињата на носителите на пратеничките листи на Левица не е објавена ниту на официјалните профили на социјалните мрежи на партијата ниту, пак, на партиската веб-страница.
Но, според она што како информација го објавија дел од општинските ограноци на Левица, носител на листата во првата изборна единица ќе биде партискиот лидер и актуелен пратеник Димитар Апасиев. Во „двојката“ носител ќе биде Амар Мециновиќ – актуелен советник во Град Скопје и портпарол на партијата. Во изборната единица 3 носител ќе биде актуелниот пратеник во парламентот Борислав Крмов.



Во четвртата изборна единица, според објавите на дел општинските ограноци на партијата, носител ќе биде Сашко Јанчев, актуелен член во Советот на Општина Гевгелија. Носителка на листата во петтата изборна единица ќе биде генералната секретарка на партијата, Јована Мојсоска. Пратеничката листа во „шестката“, пак, ќе ја предводи Игор Димески, актуелен советник во скопската Општина Центар.



Засега единствено опозициската ВМРО-ДПМНЕ официјално ги објави имиња на носителите на листите за пратеници на претстојните парламентарни избори.