Полицијата побара од претставниците на опозициските политички партии и движења да си заминат, по што настана конфликт меѓу двете страни. Како што пренесува РСЕ, претставниците на опозицијата постојано извикуваа „убијци“ и „крвави дланки“. Полицијата насилно ја оттурна толпата од влезот на Полициската управа и ја разби на два дела
Потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ, во изјава за медиумите посочи дека досега ова е најагресивното однесување на полицијата кон демонстрантите
Дел од опозицијата во Нови Сад утрово се обиде да ја блокира зградата на Полициската управа барајќи кривично да се гонат полицајците што го претепаа седумдесет и четиригодишниот Илија Костиќ, кој беше уапсен за време на протестите пред Судот и Обвинителството, пренесува РСЕ.
Покрај ова, тие бараат и ослободување на граѓаните, студентите, активистите и опозициските политичари што се уапсени за време на протестите низ улиците на Нови Сад, на кои се бара одговорност за падот на натстрешницата на железничката станица, кога загинаа 15 лица.
Полицијата побара од претставниците на опозициските политички партии и движења да си заминат, по што настана конфликт меѓу двете страни. Како што пренесува РСЕ, претставниците на опозицијата постојано извикуваа „убијци“ и „крвави дланки“.
Полицијата насилно ја оттурна толпата од влезот на Полициската управа и ја разби на два дела.
— Lejdi Azra (@LAzra2037) December 12, 2024
Потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ, во изјава за медиумите посочи дека досега ова е најагресивното однесување на полицијата кон демонстрантите.
— Lejdi Azra (@LAzra2037) December 12, 2024
Костиќ беше приведен на 21 ноември за време на блокадите под сомнение дека ги попречувал полициските службеници во нивната работа. Поради здобиените повреди беше и итно опериран.
По неговото апсење, обединетите претставници на опозициските партии во Нови Сад побараа средба со шефот на новосадската полиција, но оттаму добија одговор дека тоа не може да се случи додека трае истрагата.
Досега неколку пати опозиционерите ги блокираа влезовите на Судот и Обвинителството во Нови Сад, поради незадоволство од истрагата за падот на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога загинаа 15 лица, а двајца се тешко повредени, кои повеќе од еден месец се борат за живот.