Според информациите од „Електродистрибуција“, се очекува напојувањето со електрична енергија да биде нормализирано за околу еден час
Повеќе часа без струја попладнево се делови од скопските населби Ѓорче Петров, Волково, Стопански двор, Водно и Црниче, како и неколку скопски села. Од „Електродистрибуција“ велат дека е настанат испад на кабел и дека екипите работат на негово отстранување.
Според информациите од „Електродистрибуција“, се очекува напојувањето со електрична енергија да биде нормализирано за околу еден час.
„Се работи само за еден дефект во Волково, каде има испад на 10-киловолтен кабел. Поради прекинот неколку трафостаници во таа линија се во прекин. По санирање на дефектот сите ќе добијат напојување“,
велат од „Електродистрибуција“.