Два дена по блокадата од Бугарија за усвојување на предлог-преговарачката рама за Северна Македонија, Европскиот фонд за Балканот, БИЕПАГ-групата и Данското друштво за надворешна политика ќе одржат онлајн-дебата насловена како „Западниот Балкан на патот на ЕУ“. На дискусијата ќе учествуваат вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, Флоријан Бибер, член на БИЕПАГ-групата и професор на Универзитетот во Грац, Александра Томаниќ, извршна директорка на Европскиот фонд за Балканот.
Се очекува да се отворат прашања за статусот на проширувањето на ЕУ, дали политиките на ЕУ го даваат саканиот ефект во регионот, какво е влијанието на зголемениот број членки врз одлучувањето на Унијата…
На следниот линк може да се регистрирате за во живо да ја следите конференцијата, која почнува утре (19 ноември 2020 г.) во 10 часот.
