Масовните собирања и неносење лична заштита, непочитување на мерките при транспорт, несоработката на пациентите со епидемиолозите и давањето лажни податоци во анкетите се причина за зголемениот број новозаразени со коронавирус во изминатите денови.
„Лицата што се во изолација и самоизолација не ги почитуваат овие мерки и излегуваат и контактираат со други лица. Исто така, пациентите не соработуваат со епидемиолозите, односно тие во епидемиолошките анкети даваат погрешни податоци за адреси за да не им бидат доставени решенијата за изолација и самоизолација“,
рече министерот за здравство Венко Филипче.
Како посебни општини каде што не се почитуваат мерките ги издвои Тетово, Штип, и во Скопје – Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром, за кои како крајно решение се можни карантински мерки по примерот на Дебар, додека повторното воведување полициски час не е опција.
„Мора да го вратиме нормалното живеење во земјата, но исто така мерките мора да се почитуваат“,
рече Филипче.
Зголемениот број заразени според него е во период кога во сила биле рестрикции и затоа побара од МВР поголема контрола и санкции за тие што не ги почитуваат.
*Поврзани вести
Карантин за Тетово, Сарај, Чаир, Гази Баба ако продолжи непочитувањето на мерките
Официјално: 52 новозаболени со ковид-19, четири лица починаа