Каевски, исто така, е и шеф на делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание, кое овие денови ја одржува редовната зимска сесија
Пратеникот Дарко Каевски од редовите на СДСМ е избран за потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

„Потпретседателите го менуваат претседателот кога тој не е во можност да заседава со седницата, а по функција се и членови на Бирото на Собранието – тело кое ги координира активностите на Собранието и на комисиите“,
информираат од СДСМ.
Каевски, исто така, е и шеф на делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, кое овие денови ја одржува редовната зимска сесија.
Пред неколку дена, на почетокот на зимската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, беше избран за потпретседател на групата на Европската народна партија во Парламентарното собрание на Советот на Европа.