Тема на дебатата на „360 Степени“ беше рокот за поднесување обвиненија на Специјалното јавно обвинителство од 18 месеци од преземање на предметите и материјалите во негова надлежност, кој завршува на 30 јуни.
Се наметнува дилема во однос на случајот „Чауш“, каде, според тврдењето на редовното обвинтиелство, во домот на Захир Бекири-Чауш беа пронајдени прислушкувани разговори. Тие никогаш не се најдоа како дел од обвинението и судскиот процес којшто се водеше против него пред судот, а обвинението го застапуваше редовното обвинеителство.
Се поставува прашањето – што ако тие материјали сега му се предадат на СЈО – дали почнуваат нови 18 месеци за СЈО да течат од тој момент?
– Формално почнуваат, но тие ќе се судрат со горниот рок од 5 години. Ние можеме и имавме такви снимки. Да не заборавиме, излегоа снимки на колеги со политичари, во периодот за кој СЈО дури поведе постапка да открие кој ги поставил на Јутјуб. Има и такви постапки – рече новинарот Саше Димовски.
Тој се согласи со забелешката дека редовното обвинителство на Зврлевски беше должно да му ги даде тие материјали на СЈО а не да ги чува во некоја фиока.
– Па ние имавме дел од постапките кадешто разговорите не беа давани ни во „Пуч“. СЈО се изјасни дека дел од тие докази останале во Обвинителството за организиран криминал. Тоа се сопките за кои зборувавме. Прво беше меѓу обвинителите, при предавање на доказите, друго беше во суд. Значи, сите овие работи стојат, меѓутоа за мене едно навистина е суштинско. Сакаме правна држава, сакаме ЕУ, сакаме НАТО интеграции или сакаме овде да биде жабокречина во која големите да ги јадат малите и нема никогаш да го расчистиме сево ова – рече Димовски.
Напишете коментар