Мицкоски ја упати ваквата порака еден ден откако Пендаровски на вчерашниот митинг од Кавадарци му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да набави ГПС за неговата претседателска кандидатка, што, пак, го даде како одговор на прозивката оти не си ја знаел земјата и оти за време на петгодишниот мандат ниту еднаш не дошол во дел од помалите општини за да праша со какви проблеми се соочуваат граѓаните
Пендаровски да си го зачува ГПС бидејќи после изборите не ќе знае главата каде му е, затоа нека го чува, за барем да знае каде точно се наоѓа во тој момент, му порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на актуелниот претседател на државата и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски од митингот во Кичево.

Мицкоски ја упати ваквата порака еден ден откако Пендаровски на вчерашниот митинг од Кавадарци му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да набави ГПС за неговата претседателска кандидатка, што, пак, го даде како одговор на прозивката оти не си ја знаел земјата и оти за време на петгодишниот мандат ниту еднаш не дошол во дел од помалите општини за да праша со какви проблеми се соочуваат граѓаните.
„Ја слушнав вчера најновата навреда на Стево, охрабрен, осилен, а во суштина исплашен како глувче мало и вели на професорката, која за него е величина голема како Монт Еверест на Хималаите, ѝ недостасувало ГПС. Го гледам како се сили на жени, а пред Али Ахмети преде како маче. Ќе му порачам да си го зачува ГПС бидејќи ќе му треба после изборот кој ќе му се случи најпрво на 24 април, а потоа на 8 мај. Не ќе знае главата каде му е, нека си го чува ГПС, барем да знае каде точно се наоѓа во тој момент“,
рече Мицкоски од вечерашниот централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево.
Главната карактеристика со која се гордее Пендаровски, рече Мицкоски, е тоа што вели „барем не крадев“.
„Добро Стево, еве да те разбереме дека не си крадел, но со какви пари ти се финансира Стево кампањата за претседателските избори. Еве, јас ќе ти дадам одговор за да не се мачиш, да не треба повторно да коленичиш во Зајас и да измеќариш пред Али и Артан. Има еден објект недалеку од Кичево, се вика РЕК Осломеј по трипати поскапи цени се испорачуваат услугите таму, дел завршуваат во приватни џебови, а дел ја финансираат твојата кампања. Ете така се финансира со криминални крадени народни пари кампањата на Стево Пендаровски“,
рече Мицкоски од митингот во Кичево.
Во оваа насока, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека по изборите ќе се бара одговорност и од Пендаровски и од оние кои, како што рече, го крадат народот.