Досега се изречени 27 326 прекршочни казни за неносење лична заштита на лицето, објави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот фејсбук-профил.
Во текот на изминатото деноноќие во координација со Државниот пазарен инспекторат се извршени 99 контроли во објекти, при што не е евидентирано непочитување на одлуките на Владата.
На територијата на целата држава на вкупно 197 лица им се издадени решенија за изолација, а четири лица потпишале изјави за самоизолација и при извршени контроли две лица не ги почитувале овие мерки.