Намалување на бројот на заразени од ковид-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за ограничување на движењето, носат заштитна опрема и се придржуваат кон пропишаната дистанца, напиша министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот Фејсбук профил и најави дека МВР ги презема сите неопходни мерки.
Неговата објава е во контекст на содржините кои се објавуваат на социјалните мрежи за непочитување на полицискиот час, а едно од нив беше видеото на кое се гледа како група мажи играат оро, а лицетот што го објави тврди дека настанот се случиил во скопската населба Чаир за време на полицискиот час.
„Во конкретниот случај со „орото“ во Чаир, доколку се утврди дека видеото е направено во период кога се на сила одлуките на Владата, односно доколку се потврди неговата автентичност, полициските службеници ќе ги преземат сите мерки со цел соодветно санкционирање на учесниците во истото“,
вели Чулев, додавајќи дека се следат социјалните мрежи, видеа и содржините кои се објавуваат и секаде каде што има основ за постапување, Министерството за внатрешни работи презема соодветни активности.
