Стадиони, плоштади, спортски и здравствени центри низ цела држава се претворени во пунктови за вакцинација
Во првите три дена од вакцинацијата на населението во Чиле, вакцинирани се 556 000 луѓе, објави тамошното Министерство за здравство.
Владата и општините ги претворија стадионите, плоштадите, спортските центри и здравствените центри низ Чиле во пунктови за вакцинација, во обид да ја достигнат целта од пет милиони вакцинирани до крајот на март и 15 милиони до јули, од вкупно 18 милиони жители.

Медицинските работници во Чиле примија вакцини во декември, кога пристигна првата пратка од 154 000 дози од вакцината „Фајзер“.