Од МВР велат дека детето прво било примено во струмичката Општа болница, а потоа е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде од страна на лекар е констатирано дека детето било физички нападнато
Четиригодишно дете од Струмица во тешка здравствена состојба вчера било донесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму информираат дека лекарите на скопска Клиника констатирале дека детето било физички нападнато.

„Во 02.30 часот вчера во СВР Струмица било пријавено дека во струмичката Општа болница во 00.58 часот во тешка здравствена состојба било донесено четиригодишно дете. Потоа било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде од страна на лекар е констатирано дека детето било физички нападнато“,
појаснуваат од МВР.
Според МВР, за настанот бил информиран инспектор по малолетничка деликвенција од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар.
Оттаму информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.