Најмногу активни случаи и натаму има во Скопје, кои најмногу се сконцентрирани во Аеродром – 123 и во Центар 118
Четири лица починаа како последица од ковид-19, регистрирани се 162 нови заразени и 105 лица ја победиле болеста. Вака изгледа билансот од ковид-19 во земјава во изминатите 24 часа.
Во последните 24 часа се направени 1 350 тестирања, при што регистрирани се 162 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-75, Куманово-14, Дебар-1, Штип-5, Прилеп-5, Тетово-13, Струга-1, Велес-2, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-2, Гевгелија-3, Струмица-10, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Кочани-12, Пробиштип-1, Валандово-1, Виница-2, Свети Николе-1.
Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-10, Штип-4, Прилеп-11, Тетово-10, Струга-9, Велес-1, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-2, Струмица-3, Крива Паланка-1, Кочани-13, Берово-2, Валандово-2, Свети Николе-2.
Починатите лица се на возраст од 55 до 81 година, и тоа тројца се од Скопје (55, 80 и 81г) и еден од Штип (81г).
Со овие бројки, вкупно дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата има 18 138, оздравени се 15 068, починати 743, а во моментов бројот на активни случаи во земјата е 2 327. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 7 100, активни 775
• Куманово 1 777, активни 184
• Дебар 287, активни 32
• Штип 1 262, активни 51
• Прилеп 689, активни 124
• Тетово 1 455, активни 149
• Струга 673, активни 42
• Велес 330, активни 33
• Битола 314, активни 67
• Охрид 430, активни 33
• Кавадарци 241, активни 42
• Гостивар 936, активни 86
• Гевгелија 129, активни 41 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 261, активни 156
• Крива Паланка 113, активни 28
• Радовиш 89, активни 25
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 375, активни 161
• Пробиштип 116, активни 23
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 93, активни 8
• Пехчево 44, активни 3
• Берово 104, активни 30
• Валандово 36, активни 23
• Виница 116, активни 28
• Делчево 163, активни 80 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 25, активни 1
• Свети Николе 353, активни 43
• Кичево 328, активни 34
• Ресен 164, активни 15
• Неготино 54, активни 7 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1 350 теста се преку: ИЈЗ-345, ЦЈЗ Скопје-57, Авицена-291, Биотек-173, МАНУ -141, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Систина со PCR метода -108, лабораторија Лаор –23, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-49, Инфективна клиника-3, ГАК-13, Синлаб-12.
Досега во земјата се направени вкупно 190 127 тестирања на ковид -19.
Аеродром и Центар со најмногу активни случаи во Скопје
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 30 пациенти. На респиратор е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 172, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Најмногу активни случаи и натаму има во Скопје, кои најмногу се сконцентрирани во Аеродром – 123, Центар 118, Карпош – 99, Кисела Вода 96, Гази Баба 88, Чаир 56, Ѓорче Петров – 55, Бутел – 29, Шуто Оризари – 17, Студеничани – 8, Сарај – 15, Арачиново – 5, Илинден – 33, Сопиште – 3, Чучер Сандево – 6, Петровец – 5, Зелениково – 2…