Според податоците на Министерството за здравство, бројот на активни случаи е 228. Во 14 града нема ниту еден актиевн случај
Четири нови случаи на ковид-19 се регистрирани во изминатото деноноќие од кои три во Скопје и еден во Битола.
Направени се 2 514 тестирања.
Не се евидентирани починати лица, а оздравени се 11 пациенти.
Според податоците на Министерството за здравство, бројот на активни случаи е 228. Во 14 града нема ниту еден актиевн случај.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155 673. Оздравени се 149 961 пациенти, а починати 5 484.
Досега направени се вкупно 872 894 тестирања на ковид-19.
