Здравствените власти ќе испитуваат четири лица во Тетово за кои има сомнение дека се заболени од јужноафриканскиот сој на ковид-19, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче на отворањето на Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка од Црвен крст.
„Во Тетово има четири случаи кои се суспектни, врз основа на оној скрининг којшто се прави, на јужноафриканскиот сој. Што значи дека има и други соеви присутни во земјава. Пристапот е ист – детална епидемиолошка анкета, анализа, скрининг на тестовите и анализа дали да се прави секвенционирање или не“,
рече Филипче.
Од делта-сојот, пак, досега се регистрирани десетина случаи во земјава, а Филипче посочи дека денеска нема информации за нов случај од оваа мутација на вирусот.