Информацијата за сообраќајната несреќа утрово за МИА ја потврдил доктор Антоан Паракеов, раководител на Итната медицинска помош во Кавадарци, според кого повредените се пренесени во Општата болница во градот
Четири лица синоќа околу 23 часот биле повредени во сообраќајна несреќа кај Брушински мост, во близина на Кавадарци.

Според првичните информациите, до несреќата дошло при судир на две возила на крстосницата кај Брушински мост.
Информацијата за сообраќајната несреќа утрово за МИА ја потврдил доктор Антоан Паракеов, раководител на Итната медицинска помош во Кавадарци.
„Како итна медицинска помош бевме на самото место веднаш штом го добивме повикот за сообраќајна несреќа, директен судир на две возила на крстосницата кај Брушански мост во градот. Четирите повредени лица ги пренесовме во Општата болница во Кавадарци“,
изјавил Паракеов за државната новинска агенција.
Засега нема информации за видот и тежината на повредите кај четирите лица.