Номинацијата на Урусула фон дер Лејен за наследничка на Жан Клод Јункер како претседателка на Европската комисија веќе и ја честитаа министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.
„Честитки до Урсула фон дер Лајен за номинацијата за претседателка на Европската комисија! Прва жена на оваа позиција и феноменална министерка за одбрана.“
Освен честитката, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска на својот Фејсбук профил сподели фотографии од нивната минатонеделна средба во Брисел.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, исто така објави фотографија со актуелната министерка за одбрана на Германија а сосема извесно и иден шеф на Европската комисија.

Пратеникот на опозицијата имаше и нешто подолга честитка за Фејсбук.
Големи честитки за Ursula Von Der Leyen, Christlich Demokratische Union (ЦДУ) и EPP – European People’s Party (ЕПП). Мајка на 7 (седум) деца: Давид, Марија, Софија, Егмонт, Јохана, Грација и Викторија. Сопруга на Хеико фон дер Лејен, професор и лекар. Министер за одбрана (2013 – 2019), Министер за семејство и млади (2005 – 2009), Министер за труд и социјални работи (2009 – 2013). Министер за семејство, здравје, жени и социјални прашања (2003 – 2005) во Долна Саксонија. Лекар и пратеник, член на ЦДУ, пријател на фондацијата Konrad-Adenauer-Stiftung (КАС). ВМРО-ДПМНЕ ќе работи во насока Македонија да биде членка на ЕУ.
напишта Ѓорчев на Фејсбук.