Откако обвинителката Ивана Трајчева прочита што сè е одземено од обвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, почна со читање и на запленетите работи од домот на Катица Јанева.
Така, покрај фамозната гарнитура и двете фотелји, од домот во Скопје биле одземени и: мобилен телефон, УСБ, нотес, скинат лист од роковник, чанта „луј витон“… Во Гевгелија, пак, запленети биле лаптоп, УСБ, тефтер.
Од Зоран Милески-Кичеец, кој призна вина и доби три години затвор, биле одземени: мобилни, лаптопи, рачни часовници, документи итн.
Судењето е во тек.