На ист начин им беше оддадена почит и на деветтемина загинати во пожарот во дом за стари лица во Бугарија
Преку минута молк во Европскиот парламент,европратениците од Бугарија денеска изразија сочувство за жртвите во страотната автобуска несреќа во Бугарија.
Пратениците оваа недела заседаваат во Стразбур.
Бугарските пратеници од сите политички партии ја започнале седницата на бугарската делегација со една минута молк, соопштиле тие за МИА.
Во соопштението изразуваат сочувство за автобуската несреќа која однесе 46 животи, од кои 12 деца.
Со минута молк, бугарските европратеници им оддадоа почит и на жртвите во пожарот во дом за стари лица во Бугарија, каде што загинаа девет лица.
„Пратениците изразуваат искрено сочувство до семејствата и блиските на граѓаните на Бугарија и на Република Северна Македонија и им посакуваат брзо закрепнување на повредените“,
се наведува во соопштението на бугарските европратеници.