„На Зеленски секако ќе му кажам дека Бугарија нема да биде рамнодушна и ќе застанеме покрај Украина. Ова е цивилизациски избор“, рекол бугарскиот премиер Кирил Петков, кој денеска ја предводи бугарската делегација во Украина, при што додал дека неговата партија Продолжуваме со промената е на јасен став за испорака на воена и хуманитарна помош за Украина
Гледаме целосен ужас. Каква воена операција е ова кога се уништуваат домовите на цивилите? Како дел од демократскиот свет, не можеме да бидеме рамнодушни, рекол бугарскиот премиер Кирил Петков, кој денеска ја предводи бугарската делегација во Украина, каде што треба да се сретне со Володимир Зеленски, јави бугарската агенција БГНЕС.
„На Зеленски секако ќе му кажам дека Бугарија нема да биде рамнодушна и ќе застанеме покрај Украина. Ова е цивилизациски избор“,
рекол Петков, додавајќи дека неговата партија ‘Продолжуваме со промената’ е на јасен став оти ќе гласааат за воена и хуманитарна поддршка за Украина.
Меѓу другото, како што пренесе БГНЕС, коментирајќи го прекинот на испораката на руски гас во Бугарија, Петков рекол дека активностите на Русија не ја изненадиле владата.
„Вчера Русија се обиде еднострано да ни ги свитка рацете. Ние нема да плаќаме во рубли и нема да плаќаме на страни кои не се под договор. Руската држава мора да разбере дека мора да ги почитува своите договори“,
рекол бугарскиот премиер.
Исто така, Петков нагласил дека во Бугарија моментално има 114 руски дипломати и додал оти дипломатското претставништво на Бугарија во Русија има помалку од 10 дипломати.
„Се прашувам што прават овие луѓе во Бугарија. Предлагам да се погледнат овие луѓе и да имаме многу посиметрична застапеност“,
прокоментирал тој.
Бугарскиот премиер Петков, како што пренесе дописникот на МИА од Софија, денеска во Киев бил пречекан од вицепремиерката на Украина, Олга Стефанишина.
Пред да разговараат со претседателот Володимир Зеленски, премиерот и членовите на бугарската владејачка коалиција, кои се дел од делегацијата, започнале обиколка на украинските градови погодени од руската воена инвазија – Бородјанка, Буча и Ирпин.
Заедно со нив е и министерот за одбрана на Бугарија, Драгомир Заков.